Русија се приклучува кон Парискиот климатски договор

Денес, непосредно пред почетокот на самитот на ОН за климата, Русија ја потпиша владината резолуција за својот конечен пристап кон Парискиот климатски договор, потпишан од 195 земји.

„Рускиот премиер Дмитриј Медведев ја потпиша владината резолуција за руското усвојување на Парискиот климатски договор“, објави владата на својата официјална страница.

„Парискиот договор не ѝ наметнува обврска на Русија да го ратификува. Според рускиот закон, руската заложба е потврдена со самото потпишување на резолуцијата“, се додава во објаснувањето на владата.

„Ова е последниот чекор на Русија во усвојувањето на Парискиот договор“, коментираше неименуван владин извор, пренесе АФП.

Русија сега треба својата одлука да ја објави пред ОН за неколку часа, додаде изворот.

Самитот за климатски промени, кој треба да го зајакне Парискиот договор, започна во понеделникот во Њујорк во присуство на голем број светски лидери, во време кога човештвото во атмосферата испушта најголеми количини на стакленички гасови.

„Климатските промени се закануваат да ја нарушат рамнотежата на животната средина, сè поголеми се ризиците за успешен развој на клучните индустрии, и што е најважно претставуваат закана за безбедноста на населението кое живее на пермафростот и зголемен е бројот на природни катастрофи“, рече рускиот премиер Медведев на состанокот во понеделникот.

Организацијата Гринпис Русија ја поздрави одлуката. „Постапките на Русија во таа област се многу важни. Нашата земја поседува огромен потенцијал за намалување на емисијата на гасови со ефект на стаклена градина“, се вели од организацијата.

Рускиот лидер на Светскиот фонд за природата, Алексеј Кокорин изрази задоволство од приклучувањето на Русија, што може да ѝ овозможи на Москва значителни придобивки и да ги намали потешкотиите во финансирањето на проекти за одржлив развој.

„Фактот дека Русија стана полноправна членка на овој договор, малку подоцна од другите, не е сериозно затоа што тоа го сторивме пред неговото стапување во сила во 2020 година“, додаде Кокорин.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе