Русија: Се предадоа 959 украински борци од Азовстал (ВИДЕО)

Русија објави дека вкупно 959 украински борци, вклучувајќи 80 ранети, се предале од понеделникот од бункерите и тунелите под фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

Фото: ЕПА

Руското Министерство за одбрана соопшти дека 694 украински борци се предале во изминатите 24 часа, вклучително и припадници на Азовскиот полк, вклучувајќи 29 ранети.

Според истиот извор, 51 ранет се сместени во болница во Новоазовск, населба под контрола на Русите и нивните сепаратистички сојузници. Од министерството не соопштија ништо за судбината на затворениците. Руското Министерство за одбрана објави и дека Русија со проектили ја нападнала областа Соледар во Доњецк во источна Украина.

Руската војска нападнала и странски платеници, уништувајќи украински авион Су-24, украински арсенал и противвоздушен систем С-300. Со ракети и топови се погодени 76 украински контролни пунктови и 421 пешадиска и артилериска позиција, вклучувајќи 147 артилериски и минофрлачки позиции.

Според руското министерство, погодена е и украинска артилериска единица со влечен топ М777 со калибар 155-мм од американско производство.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе