Русија се пофали со оружјето запленето од џихадистите во Сирија (ВИДЕО)

Возот преполн со воени трофеи од Сирија, вклучувајќи тенк и вагони полни со оружје, пристигна вчера во Ростов на Дон, во рамки на турнејата со која војската сака да ги зајакне патриотските чувства на Русите.

Целта на турнејата, која почна викендов од Москва, е да го покаже вооружувањето кое руската војска го запленила во борбите во Сирија каде што ги поддржува трупите на претседателот Башар ал Асад.

Илјадници кадети, мажи, жени и деца се собраа во Ростов за да ги видат парчињата воена техника.

Изложени се воени транспортери, автоматски пушки, пиштоли и дронови запленети од милитантите во заедничките акции со сириската војска.

Русија воената интервенција во Сирија ја почна во 2015 година и го промени текот на војната во корист на Асад.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе