Ја одбил понудата

Русија се обидела да го регрутира Сноуден

Адвокатот на американскиот откривач Едвард Сноуден кажа дека руската влада не била успешна во обидот за регрутирање на поранешниот соработник на американските разузнавачки служби.

„Веднаш штом Сноуден стигна во Русија, руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) се обиде да го регрутира. Тој ја одби понудата“, изјави Анатолиј Кучерена, а пренесоа руските агенции ТАСС и РИА Новости.

Кучерена кажа дека Сноуденовото одбивање на соработката со руската безбедносна служба е причината зошто толку се чекало со обработката на неговото барање за азил.

Сноуден во 2013 мина повеќе од еден месец на терминал на аеродром во Москва додека руските власти не му одобрија азил.

Се верува дека од тогаш живее во Москва.

САД повторно го тужат Сноуден кој со објавувањето на тајните документи во 2013 година го разоткри масовното американско надгледување на комуникациите низ целиот свет, барајќи запленување на сите приходи од продажбата на неговата книга „Трајно документирање“ која беше објавена вчера.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе