Русија ѝ порача на Европската Унија дека моменталната ситуација води до значителни трошоци не само за Литванија туку и за ЕУ, кажа заменикот на рускиот министер за надворешни работи Александар Грушко. Додаде дека му се чини дека „сигналот е примен“, односно дека Унијата го сфатила предупредувањето.
Рускиот амбасадор во Европската Унија Владимир Чизов изрази слично мислење, кажувајќи дека се надева на „компромисно решение во блиска иднина“.
Литванија кон средината на јуни го забрани железничкиот транзит на одредени стоки кои се наоѓаат на листата на западните санкции, до Калининград. Москва ограничувањата ги нарече незаконски и се закани со контрамерки.
Грушко кажа дека Русија работи на тоа, „но најважното нешто се прашањата за одржување на животот во Калининград.
Заменик министерот за надворешни работи истакна дека Русија не планира да нападне ниедна членка на НАТО. „Тоа само болни луѓе можат да го смислат“, кажа тој.