Таа тврди дека „Русија останува целосно посветена на принципот никогаш да не дозволи да се води нуклеарна војна“.
Таа рече дека ставот на Москва, според кој нуклеарна војна никогаш не треба да започне, не е променет.
Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец изјави дека Русија располага со „различно деструктивно оружје“ и дека ќе „користи сѐ што е достапно“ за да ја одбрани Русија, при што Путин под „Русија“ мисли и на четирите украински региони чија анексија ја објави минатата недела. „Ова не е блеф“, рече тогаш Путин.