Русија сака да излезе од Советот на Европа?

Претседателката на Советот на Федерацијата на Русија Валентина Матвијенко изјави дека во Русија созрева желбата да се излезе од Советот на Европа.

Таа ова го изјави на средба со претседателката на Парламентарното собрание на Советот на Европа Лилијан Мори Паскје.

„Искрено зборувам, ако Советот на Европа го прифати ова, ако не го почитува учеството на Русија, тогаш не мора да биде така. Нема смисла дополнително да се одложува паузата“, кажа Матвијенко.

Според неа, одреден број одлуки на Парламентарното собрание на СЕ, вклучувајќи го и изборот на судии и комесари на Советот на Европа, не се легитимни без учество на Русија. Таа додаде дека ситуацијата во Парламентарното собрание ја оценува како критична и во спротивност со „принципите на парламентаризмот“.

Таа потсети дека преговорите за статусот на Русија во организацијата се водат веќе четири години и дека „сѐ стои на мртва точка“.

На почетокот на октомври треба да се одржи редовно собрание на ПС на СЕ, каде за првпат ќе се разгледува темата која од 2014 година руската страна повеќе пати ја предлага – спречување на примена на санкции против националните делегации.

Рускиот сенатор Константин Косачов изјави дека одлуката за евентуалното повлекување ќе се донесе по октомвриската седница.

Односите меѓу Русија и Советот на Европа минуваат низ тежок период. Конфликтот се заостри во 2014 и 2015 кога на руските парламентарци им беа одземени низа надлежности поради Крим. Москва изјави дека е невозможно да се работи во такви услови и престана да учествува на седниците.

Кон крајот на јуни минатата одина судирот се интензивираше. Москва замрзна дел од уплатите во буџетот на организацијата сѐ додека целосно не бидат вратени овластувањата на нејзината делегација. Руската страна продолжи да работи само на ратификација на конвенциите.

Во март Советот на Европа призна дека мерките на Москва довеле до финансиски тешкотии и беа замрзнати девет отсто од буџетот, а дефицитот изнесуваше 1,5 милиони долари.

Во април генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд изјави дека на Русија поради неплаќање на придонесите може да ѝ бидат воведени санкции. Тој не прецизираше за какви мерки би станувало збор.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе