Русија: САД со сопствен пример да покажат како да си отидеме од Венецуела

Шефот на меѓународниот комитет на рускиот Совет на Федерацијата Константин Косачов порача дека најдобриот начин САД да ѝ покажат на Русија како да „замине“ од Венецуела е тоа да го демонстрираат со личен пример.

„Логичниот одговор на повикот на Вашингтон до Русија да напушти некое место е предлогот да покажат со добар пример како тоа се прави. Списокот на земји надвор од западната хемисфера, јаде Америка навистина нема што да бара, ќе заземе премногу место“, напиша Косачов на Фејсбук.

Тој за телевизијата Русија 24 истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп се обидува дрско да се вмеша во односите на две суверени држави.

Истакна и дека Венецуела е призната членка на меѓународната заедница и членка на Обединетите нации и дека не е под никакви санкции од аспект на воено-техничката соработка.

„Русија во таа сфера ја развива соработката со Венецуела сосема легално, во рамки на меѓународното право“, кажа Косачов.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди денес Русија дека треба да ја напушти Венецуела. Коментирајќи ја ситуацијата во јужноамериканската држава, ТРамп кажа дека Вашингтон ги разгледува сите опции како тоа да се постигне.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе