Русија: САД намерно се трудат да предизвикаат војна со Иран

Соединетите Американски Држави намерно сакаат да предизвикаат војна со Иран, соопшти денес руското министерство за надворешни работи како реакција на објавата на Вашингтон дека ќе испрати дополнителни илјада војници на Блискиот Исток.

Русија, близок сојузник на Иран, се бори заедно со иранските сили во воено опустошената Сирија.

САД објавија дека неделава ќе испратат дополнителни илјада војници на Блискиот Исток како одговор на нападите врз двата нафтени танкери во Оманскиот Залив. Вашингтон го обвини Техеран дека ги извршил нападите, но Иран остро негира.

Обраќајќи им се на новинарите, заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков кажа дека „веќе некое време може да се видат постојани политички, психолошки, економски и воени притисоци на САД врз Иран“.

„Ваквиот вид реакција е, верувам, провокација. Не може тоа никако поинаку да се сфати, освен како обид да се предизвика војна“, кажа Рјабков, пренесува агенцијата ТАСС.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе