Русија реагираше на заканите на Харадинај

Пропагандата на големоалбанската идеологија е политичка уцена и закана за територијалниот интегритет на балканските држави, соопшти руското министерство за надворешни работи.

EPA-EFE

Соопштението е објавено како реакција на изјавата на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај за тоа дека ќе иницира референдум за обединување на Косово и Албанија.

„Ова е уште една во низата провокации поттикнати од големоалбанската идеологија, која во последно време почна сè поинтензивно да се шири во регионот и претставува директна закана за територијалниот интегритет на балканските држави. Политичката уцена е недозволива. Токму тоа е терминот за изјавата на Харадинај и неговите повици за произволно прекројување на границите на Балканот“, се наведува во соопштението.

Руското министерство жали што нема јасна реакција на оваа провокација од страна на Европската Унија, која има мандат на посредник во дијалогот на Белград и Приштина.

„Мораме да ги потсетиме сите дека стабилно и трајно решение за Косово може да се произведе исклучиво на преговарачката маса под услов на строго почитување на меѓународните правни правила и со почитување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244“, соопшти министерството за надворешни работи на Русија.

Харадинај претходно изјави дека ќе се заложи за референдум за обединување со Албанија ако Косово во блиска иднина не биде примено во ЕУ и меѓународните организации, а Белград не ја признае независноста на Косово, пренесува ТАСС.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе