Русија развива нова ракета со дострел од 4.500 километри

Нова крстаречка ракета Калибр-М со дострел поголем од 4.500 километри, која може да носи и нуклеарна боева глава со тежина од речиси еден тон е во фаза на развој, изјави извор од рускиот воено-индустриски комплекс за агенцијата Тасс.

„Најновата крстосувачка ракета со висока прецизност која се лансира од брод Калибр-М, со максимален дострел поголем од 4.500 километри се развива за Руската морнарица. Создавањето на ракетата е во фаза на научно истражување и е финансирано од страна на Министерството за одбрана“, вели изворот.

Тој рече дека развојот на овие ракети е вклучен во државната програма за вооружување до 2027 година, додавајќи дека „ракета мора да биде предадена на флотата пред крајот на програмата“.

Изворот за руската агенција, наведе дека новата ракета ќе се разликува од постојните ракети Калибр кои веќе се во употреба со тоа што ќе имаат поголем дострел и димензија.

„Ќе бидат многу поголеми, тежината на боевата глава ќе се приближи до еден тон. Калибр М е дизајнирана да уништува постројки на земјата и ќе биде во можност да носи и конвенционални и нуклеарни боеви глави“, вели изворот, додавајќи дека со новите ракети ќе бидат опремени големи бродови почнувајќи од фрегати, како и нуклеарни подморници.

Тасс наведе дека максималниот домет до кој може да се истрела актуелната ракета 3М-14 од системот Калибр, која лета со брзина помала од брзината на звукот, сега изнесува околу 2.000 километри.

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе