Русија развива нов носач на авиони вреден 5,6 милијарди евра

Концептот за нов руски носач на авиони предвидува изградба на брод со зафатнина до 70.000 тони.

Се проценува дека трошоците за развојот и изградбата ќе бидат од 300 до 400 милијарди рубљи (4,2-5,6 милијарди евра), објави Спутник повикувајќи се на извори во воената индустрија.

Во моментов руската морнарица има само еден крстосувач – носач на авиони – „Адмирал Кузњецов“, со депласман од 59.000 тони, кој во моментов е на ремонт.

„На последните состаноци на индустријата и командата на руската воена морнарица дојдовме до општ заклучок дека оптималниот депласман на новиот руски носач на авиони е 65.000 до 70.000 тони“, прецизира изворот на Спутник.

Тој додава дека војската сѐ уште не се одлучила кој концепт од понудените од проектните бироа ќе го земе како основа за новиот носач на авиони.

Според него, постојат неколку иницијативни проекти, меѓу кои и носачот на авиони „Ламантин“ кој Невското проектно биро го претстави во 2019 година на меѓународниот воено-поморски саем. Според идејата на конструкторите, на бродот со депласман до 90 илјади тони ќе може да се распоредат до 60 различни летала и шест до десет беспилотни летала.

Покрај тоа, Научниот центар Крилов го разви проектот на носач на авиони „Шторм“ со депласман од 80.000 до 90.000 тони со должина од 300 метри. Се проценува дека на овој брод може да се сместат до 90 летала, вклучувајќи ги беспилотните.

Рускиот воен врв повеќе пати наведуваше дека постои потреба за изградба на нов руски носач на авиони, а доколку таа одлука се донесе, би можела да биде реализирана по завршувањето на актуелната државна програма за вооружување за периодот од 2018 до 2027 година.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе