Одговор на американските ракети во Романија

Русија разместува стратегиски бомбардери Ту-22 и проектили „искандер“ на Крим

Распоредувањето на руските бомбардери со долг дострел тупољев Ту-22М3 во воздухопловната база на Крим претставува одговор на разместувањето на американскиот противракетен систем во Романија, бидејќи со тоа драстично е изменет односот на силите во регионот, изјави шефот на одбранбениот комитет на Советот на федерацијата на Русија Виктор Бондарјов.

„Разместувањето на американскиот противракетен систем во Романија претставува сериозен предизвик поради кој руското министерство за одбрана донесе одлука на Крим да размести бомбардери Ту-22М3 со капацитет да носат проектили“, објасни тој.

Бондарјов наведе и дека од моментот на враќањето на Крим во составот на Руската Федерација драстично е изменета ситуацијата со военото присуство на полуостровот.

„Таму сега се наоѓа навистина силна групација на руската војска, која константно се засилува. Во моментов се разместени ракетни системи С-300, С-400, Бук-М2, панцир-С1, како и „искандер“ и тоа во две модификации. Покрај тоа ги имаме и крајбрежните ракетни системи „бал“ и „бастион“, кои се опремени со најсовремени хиперсонични ракети. Разместени се и подморниците Новосибирск и Ростов на Дон“, прецизираше.

Според него, таквио распоред на силите не му остава ни најмала можност на потенцијалниот противник да помисли да ја нападне Русија од тој правец.

„Црноморската флота денес е сериозен заштитник на југозападна Русија“, оцени Бондарјов.

Истакна и дека паралелно со изградбата на новата инфраструктура на руските сили на Крим се згоелемува и борбената готовност на самата војска разместена на полуостровот.

„Да не дојдеше до оперативно враќање на Крим и Севастопол во составот на Руската Федерација, тие територии ќе завршеа под протекторат на Америка. САД со молневита брзина ќе разместеа таму свои борбени комплекси“, кажа тој.

Бондарјев оцени и дека во случај Крим да не бил вратен во составот на Русија, Америка во случај на војна ќе можела да го минира дното на Босфорот и со тоа да спречи излегување на руската морнарица за да извршува борбени задачи.

„Денес тоа е исклучено. Комплексите „искандер“ го контролираат целиот брег на Црното Море, вклучувајќи го и Босфорот. Ниеден противник повеќе не е во состојба да ја блокира руската флота“, заклучи Бондарјов.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе