Русија распореди борбени авиони со хиперсонични проектили во Калининград

Русија распореди три борбени авиони вооружени со хиперсонични проектили  во руската ексклава Калининград, соопшти руското министерство за одбрана за државната новинска агенција РИА Новости.

EPA-EFE

„Три авиони МиГ-31 со хиперсонини проектили „кинжал“ се распоредени во Калининградската област како дел од стратегиските мерки за одвраќање“, соопшти руското министерство за одбрана.

Калининград е пристаниште, град и управен центар на Калининградската област – ексклава на Русија сместена меѓу Литванија и Полска.

РИА наведува дека руските власти претходно соопштија дека ракетите „кинжал“, што на руски значи бодеж, се недостижни за непријателската противвоздушна и противракетна одбрана.

Москва соопшти дека овие ракети летаат со екстремно големи брзини, до мах 10, или 12.000 километри на час, и дека во комбинација со маневарските способности е тешко или невозможно да се пресретнат.

Успешно тестирани уште во 2018, системите „кинжал“ во тестирањата ги погодиле сите мети на оддалеченост од 1.000 до 2.000 километри, според податоците на руската војска. Меѓутоа, некои западни воени експерти сметаат дека Русија може да ги преувеличува можностите на своите хиперсонични ракети.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе