Русија: Протерувањето од Советот за човекови права на ОН е незаконско

Москва реагираше на денешната одлука на Генералното собрание на ОН за исфрлање на Русија од Советот за човекови права. Одлуката донесена со 93 гласа „за“ Москва ја нарече „незаконска“ и „политички мотивирана“.

Фото: ЕПА

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, рече дека „Русија жали за одлуката“ и „ќе продолжи да ги брани своите интереси користејќи ги сите правни средства“.

Генералното собрание на Обединетите нации денеска ја исфрли Русија од Советот за човекови права на ОН поради извештаите за „грубо и систематско кршење и прекршување на човековите права“ во инвазијата на руските војници во Украина.

Протерувањето на една земја од Советот за човекови права на ОН се случи само уште еднаш, кога Либија беше протерана во 2011 година.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе