Во регион на истокот на земјата

Русија прогласи вонредна состојба по излевањето 22.000 тони нафта во Арктичкиот круг

Може да потрае со децении додека регионот да се опорави.

20.000 тони нафтени деривати на 29 мај протекле од руска индустриска електрана во река во Арктичкиот круг.

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи вонредна состојба во регионот околу реката Амбарнаја, во источна Русија, северно од Монголија. Според Ројтерс, поминале два дена пред локалните власти да дознаат за излевањето од металуршкиот погон Надеждински. Дури и тогаш, локалните власти за излевањето дознале од социјалните медиуми. Руските агенции за животна средина соопштија дека 15.000 тони нафта се излеале во речниот систем, додека уште 6.000 тони протекле во почвата.

Металуршкиот погон се наоѓа во близина на Норилск, град со 180.000 жители што се наоѓа на 300 километри северно од Арктичкиот круг.

Според Ројтерс, се излеале дизел гориво и мазива.

Путин за излевањето го обвини Александар Ус, гувернерот на регионот, изјавувајќи јавно: „Што сме ние па да дознаваме за вонредни состојби од социјалните мрежи? Добри ли сте таму здравствено?“

Норилск Никл - компанијата што е сопственик на фабриката - соопшти дека гредите што го држеле резервоарот за складирање ненадејно потонале, предизвикувајќи го излевањето. Норилск Никл е и најголемиот светски производител на паладиум и главен производител на никел, платина и бакар.

„Норилск Никл мобилизираше вкупно 250 вработени и 72 делови од опрема за да работат на истекувањето. Од 3 јуни собрани се вкупно 262 тони дизел гориво во близина на електроцентралата, а вкупно 800 кубни метри загадена почва се отстранети и собрани се приближно 80 тони гориво од излеаното во реката Амбарнаја”, се вели во соопштението на компанијата.

Извори од руската влада рекле дека на реката ќе ѝ бидат потребни „децении“ за да се опорави од штетата.

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе