На украинската граница

Русија продолжува да трупа војска, сателитски снимки го откриваат обемот (ВИДЕО)

Русија распореди околу 100.000 војници - опремени со сè, од тенкови и топови до муниција и воздухопловни сили - на украинската граница, но негира дека планира инвазија.

Фото: Твитер

Околу 35.000 членови на рускиот персонал се постојано стационирани во близина на украинската територија. Во средата, руското Министерство за одбрана објави слики од воени единици на пат кон полигон за обука во Ростов, во близина на границата со Украина.

Некои новопристигнати единици поминале речиси 6,5 илјади километри, од рускиот далечен исток, пишува Би-би-си. Според повеќето процени, бројот на руските војници распоредени околу Украина - на северот, југот и истокот од земјата - е околу 100.000. Но една украинска проценка, објавена од Си-ен-ен, вели дека таму има 106.000 копнени војници и 21.000 членови на морнарицата и на воздухопловните сили.

Британскиот премиер Борис Џонсон во вторникот рече: „Разузнавачките служби се многу јасни дека има 60 руски борбени групи на границите на Украина, околу една третина од вкупниот број што се на располагање“. Покрај редовните руски војници, се проценува дека има околу 15.000 руски сепаратисти во украинските региони Луганск и Доњецк.

Но некои западни аналитичари велат дека Русија сè уште не собрала сѐ што е потребно за копнена инвазија. Тие укажуваат на недостигот од целосно екипирани мобилни теренски болници во некои области. Доаѓањето на медицински персонал, велат тие, може да укаже на подготвеност за напад.

Руски сили од неколку илјади војници се префрлени во Белорусија на заедничка воена вежба, која ќе кулминира помеѓу 10 и 20 февруари. Претседателот Александар Лукашенко го поддржа рускиот претседател Владимир Путин.

Главниот град на Украина, Киев, е на помалку од 150 километри од белоруската граница. Западните набљудувачи велат дека вежбата, наречена Сојузничка решителност, може да создаде можност за вежбање мисија против Украина.

Сликите објавени на интернет, наводно, покажуваат воена опрема, вклучувајќи оклопни возила, тенкови и ракетни системи, кои патуваат кон областа. Русија најави распоредување напредни борбени авиони Су-35 во Белорусија, заедно со системи за противвоздушна одбрана, муниција и медицинска поддршка.

Русија од овој месец до февруари одржува и светски поморски вежби, од Атлантикот до Пацификот, на кои учествуваат 140 бродови и помошни пловила, 60 авиони и 10.000 луѓе.

Шест брода на руската морнарица, способни за носење големи борбени тенкови, персонал и оклопни возила, го преминаа Ла Манш на пат кон вежби во Средоземно Море. Но не е јасно дали можеби нивната вистинска дестинација се Црно Море и украинскиот брег.

Некои аналитичари велат дека амфибиското истоварување на руските трупи би било исклучително тешко и дека поморските сили би можеле да бидат „финта“ за да го одвлечат вниманието на украинските копнени сили од поверојатните рути на напад на копно.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе