Русија призна дека имало грешки во мобилизацијата

Русија призна дека направила грешки во обидот да мобилизира стотици илјади воени резервисти.

Фото: ЕПА

Кремљ во понеделникот призна дека биле направени грешки за време на мобилизацијата на резервистите за војната во Украина и соопшти дека не е донесена одлука за затворање на границите на Русија.

На социјалните мрежи кружат информации дека се повикани лица без воено искуство - како и други што се премногу стари или инвалиди, вели Би-би-си.

Фото: ЕПА

Портпаролот на претседателот сега призна дека се направени грешки, велејќи дека има случаи кога указот за мобилизација бил „прекршен“.

„Навистина, има случаи кога беше прекршен указот (за мобилизација). Во некои региони, гувернерите активно работат на поправање на ситуацијата“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе Москва тајмс.

„Случаите на непочитување (на уредбата) се намалуваат. Се надеваме дека ова ќе се забрза и дека сите грешки ќе бидат поправени“.

Претседателот Владимир Путин минатата недела најави мобилизирање на илјадници резервисти за конфликтот во Украина, што предизвика протести низ целата земја, а руските мажи поитаа кон границите.

Одговарајќи на прашања на новинарите, Песков рече дека и покрај гласините, не е донесена одлука за запечатување на надворешните граници на Русија и воведување воена состојба во некои погранични региони.

„Не знам ништо за ова. Засега не се донесени никакви одлуки“, рече тој.

Русите продолжуваат да протестираат против планот на Владимир Путин да мобилизира 300.000 воени резервисти. Извештаите во опозициските руски медиуми сугерираат дека може да бидат повикани до еден милион луѓе, посочувајќи дека деталите за точниот број потребни резервисти биле испуштени во објавениот декрет.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе