Русија: Преселете ги од Њујорк седниците на Генералното собрание на ОН

Русија поднесе официјално барање седниците на Првиот комитет на Генералното собрание на Обединетите нации да не се одржуваат повеќе во Њујорк, туку во Виена или Женева, јави агенцијата Тасс, повикувајќи се на дипломатски извор.

„Документот е предаден“, изјавил дипломатскиот извор.

Соединетите Американски Држави не одобрија визи за третина од руската делегација, која се очекувало да присуствува на седницата на Првиот комитет на ОН.

Првиот комитет на Генералното собрание на ОН за прашања поврзани со разоружување традиционално започнува со работа во октомври и заседава речиси секој ден месец дена.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе