Русија: Премногу е опасно мисијата на ИАЕА да оди преку Киев за да ја посети електраната Запорожје

Која било мисија на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) за проверка на електраната Запорожје не може да помине низ украинскиот главен град Киев бидејќи е премногу опасно, изјави во вторникот висок руски дипломат, како што пренесуваат руските новински агенции.

Фото: ЕПА

„Замислете што значи да се помине низ Киев. Тоа значи дека тие доаѓаат до нуклеарната централа преку првата линија на фронтот“, рече Игор Вишњевецки, заменик-шеф на Одделот за нуклеарно ширење и контрола на оружјето при руското Министерство за надворешни работи, пренесува РИА.

Портпаролот на ОН, Стефан Дужарик, во понеделникот во Њујорк изјави дека генералниот секретар на ОН оценил дека постојат логистички и безбедносни капацитети за поддршка на која било мисија на ИАЕА во електраната Запорожје, која е под руска контрола.

Агенцијата Тасс ја цитираше изјавата на Вишњевецки дека ниту една таква мисија нема желба да се справи со „демилитаризацијата“ на електраната, како што бара официјален Киев, туку може да се справи само со „исполнување на гаранциите на ИАЕА“.

Нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, од минатата недела е гранатирана, за што Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат, разгорувајќи страв од нуклеарна катастрофа што го поттикна Советот за безбедност на ОН да се состане во четврток.

Киев ја обвинува Москва дека ја користи централата како база за напади на кои украинската армија не смее да одговори.

Во првите напади на 5 август беше погоден трансформаторот на високонапонскиот далновод, што предизвика автоматско запирање на третиот реактор и стартување на резервните генератори. Во нападите во четвртокот беа оштетени пумпната станица и уредите за мерење на нивото на радијација.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот изјави дека светот ќе ја загуби битката против тероризмот и ќе подлегне на нуклеарната уцена доколку ништо не се преземе за да се спречи несреќата во електраната Запорожје.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе