Русија префрла единици од Грузија во Украина за да ги дополни силите, вели украинската војска

Генералштабот на вооружените сили на Украина на Фејсбук објави дека Русија префрлила единици од базите во Грузија во Украина со цел да ги надополни вооружените сили.

Фото: ЕПА

Британската воено-разузнавачка служба соопшти дека руските единици, кои претрпеле големи загуби во Украина, биле принудени да се вратат дома и во соседна Белорусија во обид да се реорганизираат и да ги надополнат залихите.

Русија веројатно ќе продолжи да ја компензира својата намалена способност за маневрирање на копно со масовни артилериски и ракетни напади, додаде службата, како што пренесува Ројтерс.

Русија почна да преместува мал број војници од позициите околу украинската престолнина Киев, соопшти Пентагон и оцени дека тоа повеќе е промена на позицијата отколку повлекување.

Портпаролката на Белата куќа Кејт Бедингфилд изјави дека Русија ги прераспоредува своите војници во Украина, а не ги повлекува, пренесува Ројтерс.

„Дали имаше движење на некои руски единици од Киев последниот ден или нешто слично? Да, мислиме дека имаше. Мал број“, рече портпаролот на Пентагон Џон Кирби на брифингот со новинарите.

Тој смета дека тоа било репозиционирање, а не вистинско повлекување.

„Затоа сите треба да бидеме подготвени за голема офанзива во другите области на Украина. Тоа не значи дека заканата за Киев е завршена“, рече Кирби.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе