Русија предупредува на „озлогласениот план А“ на Албанија

Министерството за надворешни работи на Русија укажа на тоа дека се интензивираат напорите да се интегрираат областите населени со Албанци на Балканот, пренесува Б92.

Руското министерство предупреди дека со тоа се комплицира дијалогот меѓу Белград и Приштина и се поткопува атмосферата на доверба низ регионот.

Руските дипломати во соопштение оценија дека „западните покровители на Тирана продолжуваат да се претвараат дека не ги забележуваат активните „големоалбански“ аспирации“.

Интензивирањето на напорите да се интегрираат областите населени со Албанци во низа соседни балкански земји и институционализацијата на овој процес во рамки на регионален сојуз на албански општини не е безопасно, се наведува во соопштението.

Руското министерство, од друга страна, наведува дека не може да се игнорираат „низата чекори кои ги презема актуелното албанско раководство, во врска со консолидацијата на „албанскиот фактор“ во рамки на регионалната политика на Тирана“.

Во тој контекст, се потсетува дека премиерот на Албанија Еди Рама „отворено кажа дека Косово за него е дел од Албанија“ и дека „обединувањето на Албанија и Косово не е план Б, туку план А“.

„Реализацијата на тој план, албанскиот премиер ја поврза со внатрешнополитичката и надворешнополитичката дебата околу можната корекција на границите на покраината, односно во рамки на дијалогот со посредство на ЕУ со цел постигнување соодветно решение меѓу Белград и Приштина“, се наведува во соопштението.

Се чини, оценува руското министерство, дека во Тирана мислат дека постигнувањето таков договор меѓу Белград и Приштина претставува претпоставка за понатамошно спроведување на „озлогласениот план А“.

Министерството на Русија ги повика западните партнери на Албанија конечно да реагираат на „очигледните албанскоцентрични тежнеења“ на Тирана и, наместо да формираат сомнителни структури на локално ниво, да обезбедат Приштина да ги исполни своите обврски околу формирањето на Заедницата на српски општини на Косово.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе