Западот и Украина изразија загриженост поради трупањето на руските воени сили во Украина.
Москва тврди дека воените сили ќе останат таму сѐ додека смета дека е потребно и дека не се закана.
Во вторникот таа објави дека почнува планирана проверка на борбената готовност на нејзините сили, која ќе вклучува повеќе од 4.000 вежби овој месец.
„Како дел од зимската обука, повеќе од 10 амфибиски и артилериски бродови и бродови од јужното воено крило спроведуваат меѓуфлотен премин од Касписко кон Црно Море“, соопшти руското министерство, додавајќи дека бродовите ќе учествуваат во воени вежби.
Руската Црноморска флота е со седиште во Крим, кој Русија го анектираше од Украина во 2014 година.