Русија повторно ја гони новинарката која во програма во живо протестираше против војната

Руските власти извршија претрес во домот на поранешната новинарка на државната телевизија, која даде отказ од својата работа откако во етерот протестираше против војната во Украина.

Фото: скриншот

Исто така против неа е отворена кривична постапка под обвинение за ширење лажни информации за руските вооружени сили, рече нејзиниот адвокат, пренесе Гардијан.

„Против Марина Овсјаникова е покрената постапка според законот донесен по инвазијата на Украина на 24 февруари, со кој се казнуваат изјавите против војската“, изјави адвокатот Дмитриј Закватов. Доколку биде осудена, ѝ се заканува затворска казна до 15 години.

Адвокатот на Телеграм изјави дека очекува по претресот властите да ја приведат Овсјаникова на распит.

Овсјаникова привлече меѓународно внимание во март откако упадна во студиото на руската државна телевизија каде што работеше во тоа време и ја осуди војната во Украина за време на пренос во живо. Како резултат на тоа, таа беше казнета со 30.000 рубли поради кршење на законот за протести.

Во јули, ѝ се судеше поради последователни објави на социјалните мрежи во кои напиша дека одговорните за руските акции во Украина ќе бидат на обвинителна клупа пред меѓународниот суд.

На суд, Овсјаникова го повтори својот протест и рече дека нема да ги повлече своите зборови. Таа рече дека не разбира зошто е таму и за што ѝ се суди.

„Ова што се случува тука е апсурдно. Војната е ужас, крв и срамота. Вашите обвинувања се како да ме обвинувате за ширење на мајмунски сипаници... Целта на судењето е да се заплашат сите луѓе кои се против војната во Украина. Русија е агресорот, почетокот на оваа војна е најголемото злосторство на нашата влада“, рече тогаш новинарката.

Адвокатот на Овсјаникова во јули изјави дека таа има право да зборува според членот 29 од рускиот устав, кој го штити правото на слобода на изразување. Но, судијата ги отфрли аргументите на адвокатот и ја казни поранешната новинарка со 50.000 рубли.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе