Русија подготвува закон со кој ќе ги спречи соработниците на Навални да излезат на избори

Рускиот парламент одобри денес закон според кој членови на „екстремистички“ организации не можат да бидат пратеници во парламентот, потег за кој сојузниците на затворениот опозиционер Алексеј Навални велат дека целта е да се спречат да се натпреваруваат на парламентарните избори во септември.

EPA-EFE

Законот, кој долниот дом го одобри во првото читање, доаѓа во време кога судот одлучува дали антикорупциската фондација на Навални и регионалните активисти да ги прогласи за екстремисти.

Со него се предлага на членовите или лидерите на групите кои ќе се прогласат за екстремистички да им се забрани кандидирање за долниот дом на Думата во период од една до пет години.

Доколку помине во продолжението на процедурата, законот сигурно ќе им ја отежни кампањата на активистите како Љубов Собол, која е во домашен притвор бидејќи учествуваше во протести за поддршка на Навални.

Собол на Твитер оцени дека станува збор за „противуставен обид“ да биде исфрлена од изборната трка во септември.

За законот да стапи на сила, треба да помине уште две читања во долниот дом, треба да го усвои горниот дом и да го потпише претседателот Владимир Путин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе