Русија: Почнуваме масовно производство на ракета што може да прелета над Јужниот Пол (ВИДЕО)

Во Русија почна сериско производство на најновата интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“, изјави Владимир Дегтјар, главен директор на Државниот ракетен центар Макеев, пренесуваат руските медиуми.

Фото: Јутјуб

„Ракетниот систем веќе е пуштен во сериско производство, обезбедени се потребните материјали и опремата за производство“, рече тој.

Во следните 40-50 години „Сармат“ ќе го зајакне борбениот потенцијал на руската армија и ќе зајакне безбедноста на Русија, рече тој, додавајќи дека „во сегашните геополитички услови ова оружје ќе стане главен фактор на нуклеарно одвраќање и гаранција за зачувување на мирот“.

Русија тврди дека новата ракета ќе може да нападне цели и над Северниот и Јужниот Пол и на тој начин да ги порази противракетните одбранбени системи на непријателот.

Русија претходно објави дека првото лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“ е извршено на 20 април и дека било успешно. До крајот на есента тие планираа да изградат и распоредат околу 50 од овие интерконтинентални балистички ракети способни за нуклеарни напади.

 

Сармат има домет од 18 илјади километри и може да биде опремен со нуклеарни боеви глави. Претседателот Владимир Путин го искористи лансирањето на проектилот во април за да му се закани на Западот во контекст на руската војна во Украина.

Ракетата може да ги надмине сите видови одбрана и да ги натера земјите да размислат пред да ѝ се заканат на Русија, рече тогаш Путин.

Легенда под Главна слика

Фото: Јутјуб

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе