Русија почнува постапки против Фејсбук и Твитер

Руското тело за надзор на комуникациите Роскомнадзор соопшти денес дека ќе отвори постапки против Твитер и Фејсбук поради тоа што не објасниле како планираат да се прилагодат на законите за податоци, јави новинската агенција Интерфакс.

Роскомнадзор тврди дека Твитер и Фејсбук не објасниле како и кога ќе се усогласат со законот кој бара сите сервери за собирање лични податоци на Русите да бидат лоцирани во Русија.

Шефот на Роскомнадзор Александер Жаров изјави дека компаниите имаат еден месец за доставување на информациите или во спротивно ќе се води постапка против нив.

Русија воведе поостри санкции за интернет во последните пет години и според нив пребарувачите мора да избришат дел од резултатите на пребарувањата, сервисот на пораки да им овозможи пристап на безбедносните служби до енкриптирани пораки, а социјалните мрежи да ги чуваат лични податоци на руските корисници на сервери во земјата.

Во овој момент единствените средства кои Русија ги има за спроведување на своите прописи се казните кои изнесуваат до неколку илјади долари или блокирање на онлајн услугите на оние што ќе ги прекршат, што е опција оптоварена со технички тешкотии.

Меѓутоа, извори за Ројтерс во ноември изјавија дека Москва планира да воведе поголеми казни за технолошките компании кои нема да се усогласат со руските закони.

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе