Русија почна нова фаза на тестирањето на веќе одобрената вакцина

Русија ја почна новата фаза на клинички тестирања на претходно одобрената вакцина за коронавирусот наречена „Спутник V“ која ќе вклучува 40.000 луѓе во Москва, објави денес Рускиот фонд за директни вложувања (РДИФ)

EPA-EFE

Фондот објави дека слични тестирања ќе се одвиваат во уште пет држави.

Руските власти претходно објавија дека вакцината е безбедна и ефикасна, по два месеци тестирање во мал обем чии резултати сѐ уште не се јавни.

Русија кон средината на август објави дека почнува со производство на првата серија на таа вакцина која ја разви московскиот институт Гамалеја, најавувајќи дека до декември или јануари ќе произведува околу 5 милиони дози.

Вакцината беше одобрена пред вообичените тестирања кои се спроведуваат на илјадници луѓе, познати како фаза 3 и клучни за добивање зелено светло од регулаторот.

Вакцината „Спутник V“ е наречена по првиот вештачки сателит кој Советскиот Сојуз го лансираше во 1957 година.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека вакцината е безбедна и дека со неа е вакцинирана една од неговите ќерки која потоа добро се чувствувала.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе