Русија почна да го повлекува воениот персонал пратен во Србија за борба против коронавирусот

Со три авиони ќе се пренесат повеќе од 40 војници и четири единици специјална воена опрема во Русија.

Русија почна да ги повлекува од Србија своите војници што помагаа во борбата против епидемијата на коронавирус, соопшти руското Министерство за одбрана.

Според министерството, три авиони „ќе пренесат повеќе од 40 воени војници и четири единици специјална воена опрема во Русија“.

Министерството за одбрана истакна дека првиот конвој со воен персонал и опрема е на пат кон воздушната база Батајница во близина на Белград.

Руските војници се наоѓаат во Србија од почетокот на април, каде што, по барање на локалната власт, ги дезинфицираа инфраструктурните објекти и им помагаа на локалните лекари да лекуваат пациенти со коронавирус. Во земјата работеа руски воени лекари и виролози од трупите за радијациска, хемиска и биолошка заштита.

Непосредно пред тоа, последната група војници што помагаа во борбата против коронавирусот во Италија се вратија во Русија. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу претходно изјави дека руските војници продолжиле да ѝ помагаат на Ерменија.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе