Најава на министерот за здравство

Русија планира масовно вакцинирање против коронавирусот уште во октомври

Русија се подготвува да почне масовна кампања на вакцинирање против новиот коронавирусот во октомври, кажа денес рускиот министер за здравство Михаил Мурашко, пренесува руската агенција РИА.

EPA-EFE

Министерот не зборуваше за деталите на самата вакцина која ќе биде користена, но кажа дека лекарите и учителите ќе бидат првите кои ќе бидат вакцинирани.

Ројтерс од неименуван извор дозна оваа недела дека првата потенцијална вакцина против ковид-19 била развиена во државна истражувачка лабораторија, и уште веќе во август ќе добијат одобрување од локалната регулаторна агенција за употреба и набрзо потоа ќе им биде проследена на медицинските работници на користење.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе