Со системи С-400

Русија планира да постави противвоздушна одбрана на Арктикот

Русија планира со вооружувањето на арктичките дивизии на Северната флота со системи С-400 да фомира противвоздушна „купола“ во поларниот регион, соопшти руски морнарички командант.

Русија го јакне своето присуство на Арктикот со изградба на нова инфраструктура и со обновување на своите пристаништа додека се бори за доминација во регионот со огрмно неискористено богатство на минерали.

Други земји исто така се обидуваат да го зајакнат своето присуство на Арктикот, што предизвикува страв од јакнење на геополитичкото ривалство. Вашингтон веќе неколку пати ја обвини Русија за агресивно однесување во поларниот регион и кажа дека треба будно да се следат потезите на Кина.

Русија во септември распореди своите одбранбени системи С-400 на архипелагот Новаја земља на далечниот север, а командантот на руската Северна флота изјави денес дека слични распоредувања ќе има во целиот регион.

„Планот е нашите арктички дивизии да бидат опремени со такви системи во следните години и над рускиот дел на Арктикот ќе биде воспоставена противвоздушна одбрана“, изјави вицеадмиралот Алексеј Мојсеев.

„Тоа значи дека Арктикот ќе биде заштитен од каков било вид непријателски воздушен напад, без разлика да со авиони, крстосувачки или балистички проектили“, изјави Мојсеев за телевизијата Звезда на руското министерство за одбрана.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе