Русија: Пијан човек се заканувал дека ќе фрли бебе од трети кат, интервенирал полицаец (ВИДЕО)

Руски полицаец се качил на балкон низ прозорецот на соседниот стан за да спаси петмесечно девојче од нејзиниот татко кој во алкохолизирана состојба се заканувал дека ќе ја фрли од трети кат.

Страшниот случај на семејно насилство кој за среќа минал без жртви се случил во градот Саранск, 500 километри источно од Москва.

Полицијата била повикана на местото на настанот откако бил забележан пијаниот татко како се заканува дека ќе ја фрли својата петмесечна ќерка од балконот. Дури мафтал со неа држејќи ја за нозете.

Полицајците супеале да му се прикрадат на мажот од балконот на соседниот стан, по што лидерот на акцијата успеал да влезе во неговиот стан и да го оневозможи во намерата.

Утврдено е дека станува збор за 38-годишник со полициско досие кој претходно истиот ден ја нападнал мајката на детето и ја исфрлил од станот облиена со крв, јавуваат руските медиуми.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе