Русија отвори истрага за нападот врз рускиот државјанин на Косово

Рускиот истражен комитет отвори предистражна постапка за нападот на Косово врз државјанинот на Русија, вработен во ОН, Михаил Красношченков.

Како што се наведува, третманот кон него и неговото апсење претставуваат безобѕирно кршење на меѓународното право и нормите на цивилизираното општество.

„Рускиот истражен комитет отвори истрага за инцидентот со рускиот државјанин Красношченков вработен во УНМИК“, соопшти прес-службата на Комитетот, а пренесува ТАСС.

Во утринските часови на 28 мај, како што наведува рускиот Комитет, косовската полиција упадна во северните општини на Косово и Метохија, главно населени со српско населени, и меѓу другото го уапси и Красношченков, кој има дипломатски имунитет.

Москва истакна дека третманот применет врз него и неговото апсење од страна на косовските специјални сили претставува безобѕирно кршење на меѓународното право и нормите на цивилизираното општество.

ТАСС пренесува дека истрагата ќе ги проучи сите детали на инцидентот и ќе даде правна процена на активностите преземени кон Красношченков.

Во согласност со нормите на домашното и меѓународното право, Рускиот државен комитет има право да отвори истрага против нелегално постапување кон граѓанин со дипломатски имунитет.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе