Русија откри 5 арктички острови што изникнале додека се топат глечерите

Руската војска и официјално потврди дека открила пет нови арктички острови, кои се појавиле бидејќи климатските промени го забрзуваат топењето на глечерите.

Новите острови биле откриени од студентка на истражувачки брод на руската морнарица што патувал низ арктичките води кон крајот на 2016 година. Русија го зголемува своето воено и трговско присуство на Арктикот, бидејќи северниот регион станува сè подостапен.

Петте острови, со големина од 900 квадратни метри до 54.500 квадратни метри, биле откриени во близина на глечерот Нансен крај брегот на архипелагот Новаја Землја, објави во вторникот руското Министерство за одбрана.

„Спроведено е топографско истражување на новите острови“, рече војската. „Тие се детално опишани и фотографирани“.

Истиот брод придонел во откривањето на повеќе од 30 нови острови, 'ртови и заливи во архипелазите Франц Јозеф Ланд и Новаја Землја со употреба на податоци од далечински сензори во 2015-18.

Новите острови се додаваат на картата „дури откако ќе се извршат потребните истражувања на теренот“, велат од универзитетот „Адмирал Макаров“. „Дури тогаш се издава официјално соопштение за откритието“.

Светската метеоролошка организација соопшти дека температурите во делови од Арктичка Русија околу Новаја Землја сега се за 6 до 7 степени Целзиусови повисоки од просекот 1961-90 година, додека температурите низ светот се поблизу до 1 Целзиусов степен над тој просек.

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе

На 2 јуни во Црна Гора беше прогласен крај на епидемијата. Од првиот бран, земјата излезе со следниот биланс: 324 заразени и 9 починати лица.

повеќе