Русија одобри уште една вакцина против коронавирус

Русија одобри уште една вакцина за ковид-19, објави рускиот претседател Владимир Путин на владина седница.

EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Путин им честиташе на научниците кои ја развија новата вакцина во сибирскиот институт Вектор, наречена Епи-Вак-Корона.

Вакцината минатиот месец ја помина почетната фаза на испитувањето.

„Мора да го зголемиме производството на првата и втората вакцина“, рече Путин во преносот на државната телевизија.

„Продолжуваме да соработуваме со нашите странски партнери и ќе ја промовираме нашата вакцина во странство“, додаде тој.

Путин најави дека на пат е и трета вакцина од Центарот Чумаков на Руската академија на науките.

Русија во август стана првата држава што одобри вакцина за ковид-19, правејќи го тоа пред масовното тестирање, што загрижи дел од научната заедница.

Вакцината ја примиле 400 пациенти, соопшти министерството за здравство. Името Спутник 5 го доби по првиот сателит испратен во вселената за време на Советскиот Сојуз, но сè уште не е во широка употреба.

Русија од почетокот на пандемијата забележа 1,3 милиони случаи, најмногу зад САД, Индија и Бразил.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе