Русија ќе се повлече од договорот шест месеци откако ќе ги извести другите членки, освен во случај во меѓувреме да се премисли, пишува Комерсант.
Отворено небо овозможува проверка на воените движења и мерките на ограничување на оружјето на земјите потписнички на надзорните летови, а американскиот претседател Доналд Трамп реши да го напушти во ноември обвинувајќи ја Русија дека го прекршува, што Москва го негира.
Русија изрази загриженост дека Соединетите Американски Држави, и покрај повлекувањето од договорот, и понатаму би можеле да имаат пристап до разузнавачките податоци за прелетувањата што ги собираат американските сојузници-потписници на договорот.
Москва се обиде од другите земји потписнички да добие гаранции дека разузнавачките податоци нема да ги споделуваат со Вашингтон, но тие не ја уверија во тоа, пишува Комерсант.
Објавата на руското повлекување од Отворено небо би можела да се случи пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден на 20 јануари.
Новиот СТАРТ договор, последниот за контрола на нуклеарното вооружување склучен меѓу Москва и Вашингтон, кој сè уште е во сила, истекува во февруари.
Бајден најави дека сака да го продолжи, но нејасно е на колкав период.