Русија одговори на воените вежби на Украина и САД. Тестира оружје на Крим

Русија ја тестира подготвеноста на својот систем за противвоздушна одбрана на Крим, полуостров што го анектираше од Украина во 2014 година, додека Украина и земјите од НАТО одржуваат воени вежби во Црно Море, објави во вторникот новинската агенција Интерфакс.

Фото: ЕПА

Вежбата Морско ветре, која започна во понеделникот, е проследена со зголемување на тензиите меѓу НАТО и Москва, која минатата недела објави дека истрелала предупредувачки истрели и фрлила бомби на траекторијата на британскиот воен брод за да го истераат од водите на Црното Море покрај брегот на Крим.

Руската црноморска флота, на која се повикува Интерфакс, соопшти дека распоредила 20 борбени авиони и хеликоптери, вклучително и бомбардери Су-24М, како и С-400 и ракетен систем Панцир со ракети земја-воздух, како дел од подготвителниот тест.

Москва го смета Крим за дел од Русија, но полуостровот е меѓународно признат како дел од Украина, која го сака назад.

„Црноморската флота изведе повеќе дејствија за да ги следи акциите на бродовите на НАТО и другите земји кои учествуваат во Морско ветре 2021“, го пренесе Интерфакс соопштението од националниот центар за одбрана.

Москва пред да започнат воените вежби Морско ветре повика тие да се откажат, а руското министерство за одбрана соопшти дека ќе одговори доколку е потребно да се заштити националната безбедност.

Вежбите под име Морско ветре 2021 ќе траат две недели и вклучуваат 5.000 припадници на воениот персонал на НАТО и на други сојузници, како и околу 30 бродови и 40 авиони.

Ќе учествува и американскиот ракетен разурнувач УСС Рос и американски маринци.

Русија минатата недела ги предупреди Велика Британија и Соединетите Држави да не ја „предизвикуваат судбината“ испраќајќи воени бродови во Црното Море и рече дека ќе ги брани своите граници со сите можни средства, вклучително и со воена сила.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе