Русија објави снимка од уривање на украински дрон „барјактар“ (ВИДЕО)

Руското министерство за одбрана објави снимка на која се гледа како екипажот на фрегата на Црноморската флота, која се наоѓа во близина на западниот брег на полуостровот Крим, гаѓа украински дрон „бајрактар“. Руското министерство наведе дека дронот бил уништен, иако на снимката тоа не се гледа јасно.

EPA-EFE

„Целта е уништена со две ракети од бродскиот противвоздушен систем „штил““, објави руската војска и додаде дека украинскиот дрон бил во извидувачка мисија на дејствата на руските бродови и позициите на руската војска на Крим и на југот на Украина.

На снимката објавена од руското министерство за одбрана прикажано е лансирањето на проектилот од рускиот брод, но не се гледа моментот на уривањето на украинскиот дрон.

Украина од првиот ден на војната користи турски дронови од типот „барјактар ТБ2“, за кои украинските воени функционери тврдат дека неколку пати успешно дејствувале против руската војска. Во првите денови на војната, на социјалните мрежи се ширеа бројни снимки од дронови во акција против руските сили.

Украина овие дронови, кои Турција ги смета за гордост на својата воена индустрија, ги набави во 2019 година, но не е сосема јасно колку. Се спомнуваат бројки од 20 до 50, додека од друга страна Русија во неодамнешен извештај наведе, меѓу другото, дека уништила 35 од 26 дронови „барјактар“ колку што тврдат дека украинската војска има.

Според тврдењата на Фајненшал тајмс од 12 март, две недели по почетокот на инвазијата, воената соработка на Турција и Украина е продолжена, но не како донација туку како комерцијална соработка со компанијата која ги произведува дроновите, а чиј коосновач е зетот на Ердоган.

„Ова не е помош на Турција. Тоа е производ кој Украина го купи од компанија во Турција“, кажа заменик министерот за надворешни работи Јавуз Селим Киран за Дејли сабах, фалејќи ги дронови кои „ја менуваат играта“.

„Фактот што нашиот дрон стана еден од главните елементи на украинската војска всушност го покажува успехот и квалитетот на производот кој го произведува наша компанија“, кажа тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе