;‼️ 🇷🇺 FSB publishes video of Natalia Vovk suspect of killing Darya Dugina when she enters Russia,settles in the same house with the victim and leaves for Estonia. pic.twitter.com/N2WX7B9eDZ
— AZ 🛰🌏🌍🌎 (@AZmilitary1) August 22, 2022
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави видео од украинската државјанка Наталија Вовк, идентификувана како главен осомничен за саботниот напад со автомобил-бомба во кој загина новинарката Дарја Дугина во Москва. На снимката објавена во понеделникот се гледа како Вовк и нејзината ќерка тинејџерка влегуваат во Русија, во зградата во која живеела Дугина, и потоа набрзина ја напуштаат земјата.
Вовк (43) беше именувана од ФСБ во понеделникот како главен осомничен за атентатот на Дугина. Украинската државјанка пристигнала во Русија на 23 јули, користејќи регистарски таблички на самопрогласената народна република Доњецк за да избегне контрола. Додека била во Москва, таа ги заменила табличките на својот мини купер со казахстански.
Во неделата, по нападот, Вовк возела во Естонија со украински таблички, соопшти ФСБ.