Русија објави снимка од болница: „Ова се борците од Азовстал“ (ВИДЕО)

Руското Министерство за одбрана објави снимка за која тврди дека покажува дел од ранетите украински војници што се евакуирани од фабриката за челик Азовстал во Мариупол во последните два дена.

Фото: скриншот

На видеото се гледаат видно измачени мажи како лежат на кревети во болничко одделение, завиткани во ќебиња. Многумина од нив гледаат право пред себе.

Би-би-си ги преведе изјавите и пишува дека неколку мажи им рекле на снимателите дека за нив се грижат лекари, кои им дале лекови и им ги смениле завоите. Еден од нив вели дека односот на Русите е нормален и дека тој не е изложен на физичко или психичко малтретирање.

Русија претходно објави дека вкупно 959 украински борци, вклучувајќи 80 ранети, се предале од понеделникот од бункерите и тунелите под фабриката за челик Азовстал во Мариупол. Руското Министерство за одбрана соопшти дека 694 украински борци се предале во изминатите 24 часа, вклучително и припадници на Азовскиот полк, од кои 29 ранети.

Според истиот извор, 51 ранет се сместени во болница во Новоазовск, населба под контрола на Русите и нивните сепаратистички сојузници. Министерството не соопшти ништо за судбината на затворениците, а некои руски пратеници инсистираат дека затворениците не треба да се разменуваат за руски затвореници.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе