Русија објави кои професии нема да мора да одат во војна

Дел од руските технолошки експерти, банкари и новинари од државните медиумски компании нема да бидат повикани на воена служба во Украина како дел од мобилизацијата, објави во петокот руското Министерство за одбрана.

Фото: ЕПА

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави претходно оваа недела дека Русија ќе се обиде да повика дополнителни 300.000 војници за руската војна во Украина, во она што Кремљ го нарече „делумна мобилизација“.

Делот од официјалниот декрет со кој се најавува мобилизацијата, во кој е вклучен и бројот на лица кои ќе бидат мобилизирани, не е објавен, но е класифициран и се чува во тајност, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој го отфрли извештајот на независниот весник Новаја Газета во четвртокот, повикувајќи се на владин извор, во кој се вели дека Кремљ всушност сака да регрутира до милион луѓе за војната во Украина.

Министерството за одбрана соопшти дека некои вработени кои работат во клучните индустрии ќе бидат исклучени од мобилизацијата во обид „да се осигури дека работата на одредени високотехнолошки индустрии, како и рускиот финансиски систем“ нема да бидат засегнати од првата руска воена мобилизација од Втората светска војна.

Исклучоците важат за некои вработени во ИТ, телекомуникациски работници, финансиски експерти, како и некои вработени во „системски важни“ масовни медиуми, се вели во соопштението на министерството.

Се вели дека лидерите на компаниите треба да состават списоци на своите вработени кои ги исполнуваат критериумите и можат да бидат исклучени од регрутација.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе