Русија објави дека ги прекинува американските инспекции на нејзините бази со нуклеарно оружје

Русија објави дека ги прекинува американските инспекции во нејзините бази предвидени со договорот Нов СТАРТ, важниот договор на двете велесили за нуклеарно разоружување, истакнувајќи дека тоа е одговор на американското попречување на сличните руски инспекции во Соединетите Американски Држави.

EPA-EFE

Русија вчера „официјално ги извести“ САД дека сите нејзини бази кои врз основа на договорот Нов СТАРЅ се предвидени за преглед ќе бидат „привремено изземени“, се наведува во соопштението на руската дипломатија.

Пред сè станува збор за ракетни бази и воздухопловни и поморски бази во кои се сместени нуклеарни ракети.

„Руската Федерација е присилена на оваа мерка поради моменталната ситуација која ги доведува САД во еднострана предност и ѝ го одзема на Русија правото на вршење инспекции на американско тло“, се додава во соопштението.

Договорот Нов СТАРТ е последниот билатерален договор од тој вид кој ги обврзува двете најголеми нуклеарни сили во светот.

Потпишан е во 2010 а го ограничува арсеналот на двете нуклеарни сили на најмногу 1.550 разместени боеви глави, што е за речиси 30 отсто помалку во однос на претходното ограничување договорено во 2002. Воедно го ограничува бројот на лансери и стратегиски бомбардери на 800, што е доволно да се уништи Земјата повеќе пати.

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Џо Бајден во јануари 2021 го продолжија на пет години, до 2026. Досега Москва и Вашингтон врз основа на овој договор имаа право да извршат дваесетина меѓусебни проверки во година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе