За да помогнат во офанзивата во Украина

Русија носи закони со кои фирмите ќе мора да ја снабдуваат војската, а работниците да работат прекувремено

Руските пратеници го ставија својот прв печат на одобрувањето на два нацрт-закони со кои владата ќе се овласти да ги принуди компанијата да ја снабдуваат војската со стоки, а нивните вработени да работат прекувремено за да помогнат во руската инвазија на Украина.

Фото: ЕПА

Иницијативите доаѓаат повеќе од четири месеци по она што Русија го нарекува „специјална воена операција“, која ги поттикнаа западните земји да воведат бран санкции кон Москва.

Силите на самопрогласените Доњецка и Луганска народна република поддржани од Русија се движат кон регионот Доњецк откако руските сили ја презедоа целосната контрола врз регионот Луганск минатата недела, изјави лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк Денис Пушилин, објави агенцијата ТАСС.

Контролата врз провинциите Доњецк и Луганск, кои заедно го сочинуваат регионот Донбас, е централна цел на Русија во нејзината „специјална воена операција“ во Украина.

Иако Русија минатата недела ги зазеде последните украински упоришта во областа Луганск, Украина сè уште контролира околу 45 отсто од соседната област Доњецк.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе