„Како одговор на непријателските активности на британските власти и врз основа на принципот на реципроцитет, руската страна донесе одлука за воведување лични санкции против 25 британски претставници, на кои им е забранет влез на територијата на Русија“, се вели во соопштението.
Во јули 2020 година Велика Британија воведе санкции против 25 руски државјани, меѓу кои и претседателот на Истражниот комитет, Александар Бастрикин, а причината беше кршење на човековите права.
Лондон воведе ограничувања во согласност со законот „За санкции и мерки во борба против перење пари“ и „амандманот за Магнитски“.
Тогаш портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека новите санкции против руските граѓани претставуваат уште еден непријателски чекор на Лондон и додаде дека тоа е политички ангажирана одлука.