Зголемената потрошувачка на Алијансата го загрижува Кремљ

Русија: Немаме намера да се впуштаме во трка во вооружување со НАТО

Русија нема да се впушти во трка во вооружување со НАТО дури и ако Алијансата ја зголеми својата воена потрошувачка, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека европските сојузници и Канада од 2016 година ја зголемиле својата воена потрошувачка за 130 милијарди долари.

Песков истакна дека зголеменото трошење на Алијансата за војска ја зголемува загриженоста на Кремљ.

Песков, меѓутоа, додаде дека Русија нема да се вклучи во „трка во вооружување или во трка во трошење“ со НАТО затоа што тоа би било штетно за економијата на земјата.

„Путин повеќе пати истакна дека ние дејствуваме на поинаков начин“, кажа Песков.

Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека ширењето на НАТО и јакнењето на неговата инфраструктура во близина на руските граници ѝ се заканува на безбедноста на Русија.

Лидерите на НАТО на самитот во Лондон се обидоа да ги намалат своите разлики и инсистираа на тоа дека остануваат обединети околу безбедносните прашања и решени да се бранат едни со други и покрај низата кавги меѓу претседателите на некои од најголемите земји членки на Алијансата.

„НАТО е агилен, НАТО е активен, НАТО се прилагодува“, кажа генералниот секретар на воениот пакт Столтенберг кога новинарите го прашаа дали најголемиот воен пакт во светот е во состојба на мозочна смрт како што тврди францускиот претседател Емануел Макрон.

„Сѐ додека сме во состојба да ја испорачаме суштината тогаш НАТО повторно докажува дека сме способни да одговориме на променливото безбедносно опкружување, и тоа е најдобриот начин да се обезбеди единство во сојузот“, кажа тој.

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе