По американското повлекување од договорот за нуклеарните сили

Русија нема да ја менува својата воена доктрина

Русија нема да ја ревидира својата воена доктрина по повлекувањето на САД од Договорот за нуклераните сили со среден дострел (ИНФ), соопшти заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

„Не гледам причина за ревизија на нашата воена доктрина. Тој документ е фундаментално и концептуално ориентиран кон иднината. Неговите формулации се исклучително прецизни, не треба да се менуваат постојано во зависност од некои околности“, кажа Рјабков, а пренесува ТАСС.

Претходно Москва го повика Вашингтон да се откаже од плановите за распоредување на ракети од среден и краток дострел.

„Во тој случај Русија ќе ги преземе сите мерки за да ја зачува својата безбедност“, истакна Рјабков.

Договорот за нуклеарните сили од среден дострел го потпишаа во 1987 американскиот претседател Роналд Реган и советскиот лидер Михаил Горбачов, а со овој пакт државите ги забранија употребата и производството на проектили со дострел од 500 до 5.000 километри.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе