„Тоа не е во нашата традиција“, изјави за РИА заменик-министерот за надворешни работи Александар Грушко. „Затоа, сметаме дека работата на дипломатските претставништва е важна“, додаде тој.
Рускиот амбасадор во Полска во понеделникот беше полеан со црвена боја од луѓе што протестираа против војната во Украина додека одеше да положи цвеќе на советските воени гробишта во Варшава за да ја одбележи 77-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Москва потоа испрати силна протестна нота.