„Движењето на нашите војници на наша територија не треба да биде причина за грижа“

Русија негира дека планира инвазија на Украина, Песков: Шуплив и неоснован обид за кревање тензии

Кремљ денес ги отфрли наводите дека трупањето руски војници во близина на границата со Украина ги одразува агресивните намери на Москва, наведувајќи дека Русија мора да ја се обезбеди како одговор на заканите од НАТО.

EPA-EFE

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги отфрли тврдењата на западните медиуми дека Москва планира да изврши инвазија во Украина како „шуплив и неоснован обид за поттикнување тензии“.

„Русија не се заканува никому. Движењето на нашите војници на нашата територија не би требало да биде причина за грижа никому“, им кажа Песков на новинарите.

На прашањето дали Русија планира да изврши инвазија во Украина, заменикот на рускиот амбасадор во ОН Дмитриј Полјански кажа вчера дека Москва „никогаш тоа не го планирала и никогаш тоа нема да го направи освен ако не ја испровоцира Украина или некој друг“.

Полјански додаде дека од Украина доаѓаат „многу закани“ и „провокативни акции“ на американските воени бродови во Црното Море.

Песков денес на сличен начин истакна дека Русија треба да ја заштити својата безбедност во време на „сè поголеми провокации“ во близина на нејзините граници, укажувајќи на присуството на американски воени бродови во Црното Море и на честите разузнавачки летови на САД и НАТО.

„Преземаме мерки за безбедност кога нашите противници преземаат акции во близина на нашите граници. Не можеме да бидеме рамнодушни кон тоа, мораме да бидеме внимателни“, кажа Песков.

Украина минатата недела предупреди дека Русија по воена вежба задржала десетици илјади војници во близина на нејзините граници и во областите на истокот на Украина под контрола на проруските бунтовници, во обид да изврши дополнителен притисок врз Киев.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе