Русија направи листа на „непријателски земји“

Руските власти почнаа да составуваат листа на „непријателски земји“, на која засега има девет држави.

EPA-EFE

Првата земја на листата, чие постоење за телевизијата Расија 1 го потврди портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова, се Соединетите Американски Држави.

Покрај САД, на листата се и Украина, Литванија, Полска, Летонија, Чешка, Естонија, Обединетото Кралство и Грузија.

Одлуката за листа на непријателски земји ја донел рускиот претседател Владимир Путин и тоа пред очекуваната средба со американскиот претседател Џо Бајден која би требало да се одржи летоска.

„Секогаш истакнуваме дека нашата надворешна политика е апсолутно мирољубива. Но, секогаш зборуваме и дека сите потези кои ги сметаме за непријателски нема да останат без одговор. Пакетот мерки кои сега ги преземаме може да се сметаат за одговор на таквите потези. Нашата земја не презема агресивни потези, тоа е одговор и заштита на нашата земја од непријателските потези на оние кои се опседнати со нас и оние кои на некој начин се обидуваат да го сопрат развојот на нашата земја“, кажа Захарова.

„Листата не е финализирана“

Рускиот надворешнополитички аналитичар Максим Сучков на Твитер објави дека станува збор само за листа на „земји кандидати“ за кои во моментов се расправа во Кремљ која протекла во медиумите. Треба да се истакне дека телевизискиот канал Расија 1 е под силно влијание на власта на Путин, па тешко е да се замисли дека листата е пуштена во јавност без знаење на Кремљ.

Портпаролот на Путин Дмитриј Песков им кажа на новинарите дека „листата не е финализирана“, додавајќи дека не се знае кога ќе биде.

Рускиот весник Известија наведува дека листата е „симболична“ и дека во неа се нашле земји кои протерале руски дипломати.

Руското министерство за надворешни работи денес нареди протерување на седум дипломати од мисиите на Словачка, Летонија, Литванија и Естонија, како одговор на протерувањето на руските дипломати.

Тројца словачки дипломати, двајца дипломати на Литванија и по еден претставник на Летонија и Естонија имаат една недела да ја напуштат Русија.

Москва обвинува за „лажна солидарност“ со Чешка

Русија четирите земји ги обвини за „лажна солидарност“ со Чешка која минатата недела му нареди на поголемиот дел од персоналот на руската амбасада во Прага да ја напушти земјата, обвинувајќи ги дека се руски шпиони кои стојат зад експлозијата на магацинот за муниција во 2014.

Русија тие обвинувања ги отфрли како апсурдни.

Чешка дури наведе двајца осомничени за поврзаност со таа експлозија, Руслан Боширов и Александар Петров кои наводно се припадници на елитна единица на руската воена разузнавачка служба ГРУ.

Односите на Москва и Прага се на најниско ниво од крајот на комунистичката ера во 1989 година.

Британија истите двајца ги обвини во отсуство за обид за убиство по труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка со нервниот отров новичок во англискиот град Солзбери во 2018.

Русија негира каква било вмешаност во тој инцидент.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе