Портпаролката на руското министерство за надворешни работи

Русија: Напад со ракети од американските подморници ќе го сметаме за нуклеарна агресија

Москва ги отфрли американските тврдења за разместување нуклеарни боеви глави со послаба разорна моќ на подморничките балистички ракети и предупреди дека обид за употреба на такво оружје против Русија би довело до нуклеарен одговор.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова кажа дека Москва „секој напад со американски балистички ракети лансирани од поморница, независно од спецификацијата на оружјето, би го сметала за нуклеарна агресија“.

„Оние кои сакаат да теоретизираат за флексибилноста на американскиот нуклеарен потенцијал мора да сфатат дека, во согласност со руската воена доктрина, таквите потези се гледаат како оправдување за употреба на нуклеарно оружје од страна на Русија со цел на одмазда“, кажа Захарова.

Во документ објавен минатата недела, американскиот Стејт департмент наведе дека ставањето нуклеарни боеви глави со послаба разорна моќ на балистичките ракети кои се лансираат од подморници би помогнало во спротивставувањето на потенцијалните закани од Русија и Кина.

Американското министерство за надворешни работи ја обвинува Русија дека размислува за употреба на нестратегиско нуклеарно оружје како начин на присилување во ограничен кофликт, што Русија повеќе пати го негираше.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе